Во рамките на проектот за “Одржување ниска преваленца на ХИВ/СИДА во РМ”, област на делување “Тестирање и советување” на 23.04.2009 год. започнa теренското советување и ХИВ тестирање во Куманово. Целта на програмата е олеснување на пристапот до сервисите за доброволно и доверливо советување и ХИВ тестирање (ДДСТ) и полово преносливи инфекции (ППИ) до вулнерабилните [...]
Во периодот март – јуни 2009 год. во просториите на гимназијата Гоце Делчев Куманово реализиравме тримесечен тренинг за врснички едукатори за ХИВ/СИДА. На тренингот земаа учество ученици од сите средни училишта во Куманово. Оваа активност беше поддржана од -Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово и Центар за неформално образование Триаголник. [Translate]
По повод 1ви Декември – светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, ПУЛС Куманово во соработка со одделот за трансфузиологија и ОО Црвен Крст Куманово, секоја година организира крводарителска акција на која се одзиваат голем број хумани граѓани. Паралелно со крводарителската акција на градскиот плоштад поставуваме штанд на кој се делат брошури, флаери, едукативни материјали [...]
Есенската школа за врснички едукатори за ХИВ/СИДА беше одржана на Копаоник, хотел Гранд-Србија од 14-18 Ноември 2008 година. На школата зeмаа учество по 10 едукатори од НВО ПУЛС – Куманово и Омладина Јазас – Белград. Темите кои беа опфатени на оваа школа беа за усовршување на едукаторските вештини и подготовка за јавен настап, преку [...]